Тридневна временска прогноза (03.12.2021)

Тридневна временска прогноза (03.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 3 – 5 декември 2021 година

Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Од попладневните часови и тоа од запад ќе се прошируваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Температурите ќе бидат значително повисоки, особено наутро и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите ќе бидат малку пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен, а во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за врнежи од снег.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.