Тридневна временска прогноза (06.05.2022)

Тридневна временска прогноза (06.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 6 – 8 мај 2022 година

Петок 06.05.2022: Променливо облачно, особено во попладневните часови кога ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, што значи дека истите нема премногу да се менуваат. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Сабота 07.05.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и тоа особено во планинските предели. Минималните температури нема да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Недела 08.05.2022: Умерено, локално и позначително облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени, што значи дека исите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови.