Тридневна временска прогноза (05.08.2021)

Тридневна временска прогноза (05.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 5 август –  7 август 2021 година

Четврток 05.08.2021: Сончево и понатаму ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за краткотрајна и изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец. Температурите и понатаму остануваат натпросечно високи, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. Долж Повардарието и на југоистокот истите има услови да се искачат и до околу 43 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Петок 06.08.2021: Сончево и малку посвежо со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува умерен ветер од западен и од северозападен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Температурите ќе бележат тенденција на пад за неколку степени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 24 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени во најтоплите предели од државава. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Сабота 07.08.2021: Сончево и не премногу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува. Температурите ќе бидат нешто пониски поради продор на нешто посвежа воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).