Тридневна временска прогноза (19.06.2021)

Тридневна временска прогноза (19.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  19 – 21 јуни 2021 година

Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на град. Температурите на воздухот и тоа под влијание на значително потоплата воздушна маса од југ, остануваат и понатаму високи, но сепак далеку од оние пеколни температури. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите поради понатамошно влијание на топлата воздушна маса од југ ќе бидат и понатаму високи и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Понеделник 21.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.  Поради понатамошен продор на многу топлата воздушна маса од северните предели на Африка, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.