Тридневна временска прогноза (21.06.2021)

Тридневна временска прогноза (21.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 јуни 2021 година

Понеделник 21.06.2021: Претпладне сончево и топло со умерена локална облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Температурите поради почеток на продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка ќе бидат во пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде измеѓу 10 и 11.

Вторник 22.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне локално и тоа особено во планинските региони ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од југ (северните предели на Африка).Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент од 10 до 11).

Среда 23.06.2021: Сончево  и МНОГУ ТОПЛО. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.