Тридневна временска прогноза (10.02.2022)

Тридневна временска прогноза (10.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 февруари 2022 година

Четврток 10.02.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со умерена локална облачност, особено во западните предели. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат значително повисоки и натпросечни и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Петок 11.02.2022: Сончево и релативно топло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат малку под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Сабота 12.02.2022: Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, кој Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.