Тридневна временска прогноза (27.10.2021)

Тридневна временска прогноза (27.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27  – 29 октомври 2021 година

Среда 27.10.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.

Четврток 28.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.

Петок 29.10.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.  Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.