Тридневна временска прогноза (05.04.2022)

Тридневна временска прогноза (05.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 05 – 07 април 2022 година

Вторник 05.04.2022: Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд, додека попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните исто така ќе бидат во постепен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Среда 06.04.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 до степени.

Четврток 07.04.2022: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, додека попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, што значи дека истите ќе бидат повисоки за разлика од изминатите утрини, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.