Тридневна временска прогноза (08.01.2022)

Тридневна временска прогноза (08.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 08 – 10 јануари 2021 година

Сабота 08.01.2022: Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи ќе има во јужните и во југоисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите и понатаму остануваат пониски за разлика од изминатите денови, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Недела 09.01.2022: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ќе има појава и на повремен локален дожд и снег на планините. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

Понеделник 10.01.2022: Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. На повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.