Тридневна временска прогноза (23.07.2021)

Тридневна временска прогноза (23.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 јули 2021 година

Петок 23.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Температурите нема да се менуваат и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 20 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Сабота 24.07.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).

Недела 25.07.2021: Сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на значително потопла воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).