Тридневна временска прогноза (14.08.2021)

Тридневна временска прогноза (14.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 август –  16 август 2021 година

Сабота 14.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат околу просекот за овој дел од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Недела 15.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат околу просекот за овој дел од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 стрепени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Понеделник 16.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на мал пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).