Тридневна временска прогноза (22.04.2021)

Тридневна временска прогноза (22.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 април 2021 година

Четврток 22.04.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон петок од запад ќе започнат врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степени.

Петок 23.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

 

Сабота 24.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужната половина од државава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.