Тридневна временска прогноза (24.02.2022)

Тридневна временска прогноза (24.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 февруари 2022 година

Четврток 24.02.2022: Сончево и свежо со мала, а во источните предели умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури остануваат пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Петок 25.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро сепак ќе биде релативно студено и минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Сабота 26.02.2022: Облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта од запад ќе започнуваат врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.