Тридневна временска прогноза (20.09.2021)

Тридневна временска прогноза (20.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 септември 2021 година

Понеделник 20.09.2021:  Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Претпладне, и тоа особено во западните предели ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите остануваат високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6). 

Вторник 21.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за ретка појава на краткотраен дожд. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6). 

Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен локален дожд. Температурите ќе бидат уште пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).