Тридневна временска прогноза (12.01.2022)

Тридневна временска прогноза (12.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 – 14 јануари 2021 година

Среда 12.01.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат уште пониски и тоа поради понатамошен продор на студен воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Четврток 13.01.2022:  Сончево и СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски за разлика од изминатите денови и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени.

Петок 14.01.2022: Сончево и СТУДЕНО со умерена облачност и тоа особено во северните и во источните предели. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец.  Температурите особено оние максималните ќе бидат малку повисоки, додека наутро и понатаму ќе биде особено студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.