Тридневна временска прогноза (28.09.2021)

Тридневна временска прогноза (28.09.2021)
Тридневна временска прогноза (28.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 септември 2021 година

Вторник 28.09.2021: Променливо облачно и нестабилно, особено попладне со локална појава на дожд, грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање, особено максималните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Среда 29.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на уште поголемо опаѓање и тоа поради продор на постуден воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Четврток 30.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд, особено во западните предели каде ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.