Тридневна временска прогноза (11.03.2022)

Тридневна временска прогноза (11.03.2022)
 

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 – 13 март 2022 година

 

Петок 11.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег, а особено Долж Повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -4 степени, што значи насекаде истите ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег и тоа особено во источните предели. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе засилува на интензитет и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачиваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Недела 13.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.