Тридневна временска прогноза (18.09.2021)

Тридневна временска прогноза (18.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 септември 2021 година

Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди.  Ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите на воздухот, поради влијанието на топлата воздушна маса од југ остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Недела 19.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Локално ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и понатаму остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Понеделник 20.09.2021: Сончево и понатаму натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите остануваат високи за овој дел од годината, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).