Тридневна временска прогноза (17.09.2021)

Тридневна временска прогноза (17.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 септември 2021 година

Петок 17.09.2021: Сончево и натпросечно топло со умерена облачност. Ќе започне да дува умерен, особено во западните предели повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат значително повисоки од просечните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Сабота 18.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди.  Ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите на воздухот, поради влијанието на топлата воздушна маса од југ остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Недела 19.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Локално ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите и понатаму остануваат високи и над просекот за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).