Тридневна временска прогноза (26.10.2021)

Тридневна временска прогноза (26.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26  – 28 октомври 2021 година

Вторник 26.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите и тоа особено наутро ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Среда 27.10.2021: Претежно облачно со услови за слаб локален дожд, претежно во северните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.

Четврток 28.10.2021: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Кон крајот на денот локално ќе има позначителна облачност. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.