Тридневна временска прогноза (24.03.2022)

Тридневна временска прогноза (24.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 март 2022 година

Четврток 24.03.2022: Претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури сеуште ќе бидат релативно ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -1 степен, додека максималните ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.

Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.  Наутро температурите сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат навистина ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Сабота 26.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.