Тридневна временска прогноза (26.11.2021)

Тридневна временска прогноза (26.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 ноември 2021 година

Петок 26.11.2021: Под влијание на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд на повеќе места и поинтензивни особено во претпладневните часови, додека попладне врнежите ќе бидат послаби и од локален карактер. На повисоките планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите, и тоа особено оние максималните ќе бележат тенденција на пад, додека минималните ќе останат без поголеми промени и ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека преку денот истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

Сабота 27.11.2021: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и поинтензивни во западните предели. На високите планини ќе има услови за повремени врнежи од СНЕГ, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат повисоки и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.

Недела 28.11.2021: Променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд. Температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.