Тридневна временска прогноза (06.10.2021)

Тридневна временска прогноза (06.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 6  – 8 октомври 2021 година

Среда 06.10.2021: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад ќе започнат врнежи од дожд. Наутро температурите ќе бидат повисоки и тоа поради зголемувањето на облачноста и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Четврток 07.10.2021: Под влијание на изразен влажен бран од запад, времето ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2). Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање, особено дневните. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Петок 08.10.2021: Облачно и СВЕЖО со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите, особено оние максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.