Тридневна временска прогноза (14.04.2022)

Тридневна временска прогноза (14.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 април 2022 година

Четврток 14.04.2022: Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Петок 15.04.2022: Сончево и уште потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури насекаде ќе бидат над нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Сабота 16.04.2022: Облачноста постепено ќе се зголемува и доцна попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.