Тридневна временска прогноза (04.05.2022)

Тридневна временска прогноза (04.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 4 – 6 мај 2022 година

Среда 04.05.2022: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе бидат ПОНИСКИ за разлика од изминатите утрини, и ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени, што значи дека ќе започнат да се покачуваат.

Четврток 05.05.2022: Претпладне сончево со мала локална облачност, додека попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат за некој степен пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Петок 06.05.2022: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови кога ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 10 степени, што значи дека истите нема премногу да се менуваат. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.