Тридневна временска прогноза (03.11.2021)

Тридневна временска прогноза (03.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 3 – 5 ноември 2021 година

Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ветерот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите поради јужното воздушно струење, ќе бележат тенденција на пораст, и тоа како минималните, така и максималните дневни температури. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.

Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Петок 05.11.2021:  Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите остануваат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.