Тридневна временска прогноза (15.06.2021)

Тридневна временска прогноза (15.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  15 – 17 јуни 2021 година

Вторник 15.06.2021: Сончево со умерена, локално и повремено и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 27 степени.

Среда 16.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 31 степен.

Четврток 17.06.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне и тоа локално ќе има нешто повеќе облачност, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интерваот од 22 до 32 степени.