Тридневна временска прогноза (02.11.2021)

Тридневна временска прогноза (02.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 2 – 4 ноември 2021 година

Вторник 02.11.2021: Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој до крајот на денот во најголем дел од Македонија ќе престанат. Локално и тоа особено на запад ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец.  Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, особено оние максималните, додека минималните ќе бидат во пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

 Среда 03.11.2021: Променливо облачно и ПОТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Ветерот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите поради јужното воздушно струење, ќе бележат тенденција на пораст, и тоа како минималните, така и максималните дневни температури. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степени, и истите ќе бидат НАТПРОСЕЧНИ за овој период од годината.

Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите на воздухот ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.