Тридневна временска прогноза (24.12.2021)

Тридневна временска прогноза (24.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 декември 2021 година

Петок 24.12.2021: Сончево со мала локална облачност, малку поголема во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите неколку денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Сабота 25.12.2021: Умерено, локално и значително облачно и потопло. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Недела 26.12.2021: Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови и тоа особено во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд. Температурите, како минималните, така и максималните ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 11 степени.