Тридневна временска прогноза (19.08.2021)

Тридневна временска прогноза (19.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19 – 21 август 2021 година

Четврток 19.08.2021: Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Петок 20.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Сабота 21.08.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат за некој степен пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има вредност (7).