Тридневна временска прогноза (05.11.2021)

Тридневна временска прогноза (05.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 5 – 7 ноември 2021 година

Петок 05.11.2021:  Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите остануваат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени.

Сабота 06.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе биде релативно тивко. Температурите и понатаму ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Недела 07.11.2021: Променливо облачно и понатаму натпросечно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.