Тридневна временска прогноза (18.11.2021)

Тридневна временска прогноза (18.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 ноември 2021 година

Четврток 18.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и навечер Долж Повардарието ветерот ќе засилува, а особено на запад ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Петок 19.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Сабота 20.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Сепак и покрај ова, температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.