Тридневна временска прогноза (18.12.2021)

Тридневна временска прогноза (18.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 декември 2021 година

Сабота 18.12.2021: Променливо облачно и студено со повремени локални послаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите остануваат и понатаму ниски, и тоа поради влијанието на студената воздушна маса од север, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Недела 19.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму остануваат ниски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Понеделник 20.12.2021: Сончево со мала локална облачно и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за слабо и локално провејување на снег.  Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.