Тридневна временска прогноза (11.08.2021)

Тридневна временска прогноза (11.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 август –  13 август 2021 година

Среда 11.08.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално не се исклучува можноста за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

Четврток 12.08.2021:  Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму остануваат МНОГУ ВИСОКИ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

Петок 13.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).