Тридневна временска прогноза (28.08.2021)

Тридневна временска прогноза (28.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 август 2021 година

Сабота 28.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Недела 29.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Понеделник 30.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за некој степен пониски во одност на оние од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени, максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).