Тридневна временска прогноза (25.05.2022)

Тридневна временска прогноза (25.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 мај 2022 година

Среда 25.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат уште повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Четврток 26.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Доцна попладне и навечер локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат уште малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.

Петок 27.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, заислен ветер а има услови и за појава на локално КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. Во најтоплите предели температурите се очекува да надминат дури и 35 степени.