Тридневна временска прогноза (21.02.2022)

Тридневна временска прогноза (21.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 февруари 2022 година

Понеделник 21.02.2022:  Променливо облачно и понатаму натпросечно топло со сончеви периоди. Особено во попладневните и вечерните часови и во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

Вторник 22.02.2022: Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од север, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките места и на планините врнежите од дожд полека ќе преминуваат во врнежи од снег, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, особено во северните предели. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 14 степени во најтоплите предели.

Среда 23.02.2022: Променливо облачно и свежо со сончеви периоди, подолги во западните предели. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат пониски за разлика од изминатите утрини, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.