Временска прогноза за Македонија за наредните 3 дена

Временска прогноза за Македонија за наредните 3 дена

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10-12 февруари 2021 година

Среда 10.02.2021: Променливо облачно и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Четврток 11.02.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни на запад. На планините врнежите ќе бидат од снег. Кон крајот на денот нагло заладување на времето и продор на многу студена воздушна маса од Арктикот. Ќе дува засилен северен ветер а ќе има услови и за локално провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Петок 12.02.2021: Сончево и значително постудено со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени, на крајниот југоисток до околу 8 степени.