Тридневна временска прогноза (22.01.2022)

Тридневна временска прогноза (22.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 јануари 2021 година

Сабота 22.01.2022: Сончево и студено со умерена облачност и со слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за локално и сосема слабо провејување на снег.  Температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -3 степени, додека на планинските места на северозападот истите се очекува да се спуштат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени. Во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени.

Недела 23.01.2022: Сончево и студено со умерена облачност, особено во северните предели, каде во вечерните и ноќните часови ќе има услови за провејување на слаб снег.  Ќе дува умерен, а Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северозападен правец. Температурите и понатаму остануваат МНОГУ НИСКИ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени.

Понеделник 24.01.2022: Променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди и со локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека на планинските места во западните предели истите се очекува да се спуштат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 2 степени.