Тридневна временска прогноза (13.11.2021)

Тридневна временска прогноза (13.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 13 – 15 ноември 2021 година

Сабота 13.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите и понатаму нема да се менуваат  и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Недела 14.11.2021: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено попладне и навечер на запад ќе има услови за локален дожд.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Понеделник 15.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.