Тридневна временска прогноза (19.11.2021)

Тридневна временска прогноза (19.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19 – 21 ноември 2021 година

Петок 19.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Сабота 20.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Сепак и покрај ова, температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Недела 21.11.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.