Тридневна временска прогноза (11.11.2021)

Тридневна временска прогноза (11.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 11 – 13 ноември 2021 година

Четврток 11.11.2021: Претежно облачно и свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Петок 12.11.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, додека во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Сабота 13.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите и понатаму нема да се менуваат  и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.