Тридневна временска прогноза (07.05.2021)

Тридневна временска прогноза (07.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  07 – 09 мај 2021 година

Петок 07.05.2021: Умерено, на некои места и значително облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.  Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Сабота 08.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има нешто повеќе облачност а особено Долж Повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека посвежо ќе остане во северната половина од државава.

 

Недела 09.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.