Тридневна временска прогноза (16.11.2021)

Тридневна временска прогноза (16.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 ноември 2021 година

Вторник 16.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Среда 17.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.

Четврток 18.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и навечер Долж Повардарието ветерот ќе засилува, а особено на запад ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.