Тридневна временска прогноза (13.09.2021)

Тридневна временска прогноза (13.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 13 – 15 септември 2021 година

Понеделник 13.09.2021: Сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Наутро ќе биде свежо, додека преку ден температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради влијанието на веќе најавената топла воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

 Вторник 14.09.2021: Сончево и УШТЕ ПОТОПЛО преку денот, додека наутро ќе биде релативно свежо. Ќе има појава и на мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец и тоа особено Долж Повардарието. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Среда 15.09.2021: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат високи и натпросекот, додека свежо ќе биде наутро и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 16 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).