Тридневна временска прогноза (16.05.2022)

Тридневна временска прогноза (16.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 мај 2022 година

Понеделник 16.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец.  Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, што значи дека истите остануваат многу високи.

Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови, локално и тоа особено во северната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека истите ќе бидат уште повисоки.

Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со засилен ветер од северен правец и со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено во попладневните часови. Минималните температури ќе бидат малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе бележат тендсенција на пад за околу 6 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.