Тридневна временска прогноза (27.09.2021)

Тридневна временска прогноза (27.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 27 – 29 септември 2021 година

Понеделник 27.09.2021: Сончево и натпросечно топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, особено во северната половина од државава. Температурите ќе бидат натпросечно високи и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

 Вторник 28.09.2021: Променливо облачно и нестабилно, особено попладне и на повеќе места со дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на значително опаѓање, особено максималните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Среда 29.09.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на уште поголемо опаѓање и тоа поради продор на постуден воздух од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат подтпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.