Тридневна временска прогноза (07.10.2021)

Тридневна временска прогноза (07.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 7  – 9 октомври 2021 година

Четврток 07.10.2021: Под влијание на изразен влажен бран од запад, времето ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2). Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање, особено дневните. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.

Петок 08.10.2021: Облачно и СВЕЖО со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог. Температурите, особено оние максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

Сабота 09.10.2021: Претежно облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ. Температурите и понатаму ќе останат потпросечни за овој дел од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени во најтоплите предели.