Тридневна временска прогноза (23.02.2022)

Тридневна временска прогноза (23.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 февруари 2022 година

 

Среда 23.02.2022: Променливо облачно и свежо со сончеви периоди, подолги во западните предели. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат пониски за разлика од изминатите утрини, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Четврток 24.02.2022: Сончево и свежо со мала, а во источните предели умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури остануваат пониски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени.

Петок 25.02.2022: Сончево и малку потопло преку ден со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро сепак ќе биде релативно студено и минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.