Тридневна временска прогноза (19.05.2022)

Тридневна временска прогноза (19.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19 – 21 мај 2022 година

Четврток 19.05.2022: Сончево и посвежо со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од оние кои ги имавме досега, и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Петок 20.05.2022: Сончево и повторно МНОГУ ТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Сепак наутро ќе биде СВЕЖО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.

Сабота 21.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште ќе бидат нешто пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.